Мицевски: СДСМ застана во одбрана на криминалите на Катица Јанева

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицевски: СДСМ застана во одбрана на криминалите на Катица Јанева

Денеска на собраниска седница имаше обраќање координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Тој предложи да се дополни дневниот ред со точка предлог за разрешување на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржините на незаконско следење на комуникации.

-Предлагам согласно член 77 став 1  од деловникот да се дополни дневниот ред со точка предлог за разрешување на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржините на незаконско следење на комуникации. И да биде прва точка на дневен ред имајќи ја во предвид важноста на точката.  Предлог одлуката е доставена до пратениците која што едногласно е изгласана од сите пратеници и од сите пратенички групи на Комисијата одржана на 5-ти  септември. Затоа предлагам денес на оваа седница да се стави на дневен ред и изгласа предлог одлуката за разрешување на јавниот обвинител Катица Јанева за да може да  се остави простор  до 15-ти септември да се избере нов специјален јавен обвинител кажа Мицевски.

На ова пратениците од власта гласаа против односно овој предлог не беше усвоен, со што не се донесе одлука да се стави точката на дневен ред како што бараше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски.

Опозицијата смета дека со ваквиот чин власта застана во одбрана на криминалите на Катица Јанева.

После гласањето координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара пауза од еден час.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата