На југот на Италија се снима најновиот филм на Џејмс Бонд. Името на новото продолжување е „Нема време за умирање“, во кој Даниел Крег во улога на Бонд спасува киднапиран научник и се спротивставува на мистериозен негативец, кој поседува опасна нова технологија.

Во Матера, Италија, се снимаат невидени сцени од брканици по улиците, на агентот „007“ во неговиот Астин Мартин.

Во новиот филм повторно ќе го гледаме Рејф Фајнс во улогата на шеф на тајната служба „МИ6“ и Наоми Харис како Монепени, а останува да се види дали филмот „Нема време за умирање“ ќе ја достигне заработката на „Скајфол“, филм кој во 2012 година не кино благајните низ светот, инкасираше над една милијарда долари.

извор: Makfax

0

Најчитани вести