ЗОШТО САМО БОМБИТЕ ДО 2015? Нека биде без временска рамка - СИТЕ аудио материјали да се испитуваат (ВИДЕО)

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗОШТО САМО БОМБИТЕ ДО 2015? Нека биде без временска рамка - СИТЕ аудио материјали да се испитуваат (ВИДЕО)

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција рече дека еден од предлозите од ВМРО-ДПМНЕ било прислушуваните материјали да не се ограничуваат со временски интервал, односно како индиции за отворање истрага да може да се употребат и прислушувани материјали што потекнуваат пред и по досега прифатениот интервал помеѓу 2008 и 2015 година.

- Зошто да има рамка, отсечка од ....до 2015? Зошто сакаат отсечка до 2015 година? Нека бидат сите материјали индиции за испитување од обвинителството, нека биде отворена линија, порача Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата