По четири камери на Motorola One Zoom и акциската камера на Motoroла One Action, овој бренд наскоро би можел да ја добие својата прва pop-up селфи камера.

Фотографијата која се појави на интернет прикажува неименуван смартфон на Motorola со камера која се извлекува нагоре, а другата го прикажува смартфонот без горна рамка, засек или отвор за камерата.

Гледајќи го екранот, се чини дека смартфонот ја користи стандардната верзија на Android, а не Android One.

Постојат два кандидати за pop-up камератам а тоа се Moto G8 i Moto G8 Plus, смартфони кои се очекуваат на почетокот на 2020. година.

 

извор: USB.mk

0

Најчитани вести