Естонија осуди руски државјанин на пет години затвор за шпионажа

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Естонија осуди руски државјанин на пет години затвор за шпионажа

Судот во округот Харју во Естонија осуди на пет години затвор руски државјанин обвинет за шпионажа против Естонија , објави весникот „Постимес“.

Според весникот, Естонската служба за внатрешна безбедност (КаПо) го уапсила рускиот државјанин, познат по иницијалите А.А. (името не е обелоденето) во мај и поднесе обвиненија за ненасилни активности насочени против независноста и територијалниот интегритет на Република Естонија. Обвинетиот се спогодил со обвинителството.

На 29 август, судот донесе пресуда со која му се изрекува казна затвор од пет години затвор. Прес-секретарот на КаПо одби да објави детали од пресудата велејќи дека истрагата за случајот е во тек.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата