Мицкоски: Се што кажа Заев утринава - ИЗЛАЖА! (ВИДЕО)

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Се што кажа Заев утринава - ИЗЛАЖА! (ВИДЕО)

Во три дела течеа преговорите вчера, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашните преговори за законот за јавно обвиниотелство.

1. Реферирање од групите од СДСМ и ВМРО за досегашниот тек на разговорите за ОЈО, со акцент на договорот од 30 август.

2. Заев даде предлог

- Формирање на ЈО за висока корупција

- Ова ЈО ќе биде како она на Русковска за организиран криминал, а обвинителот треба да биде на предлог на најголемата опозициона партија

- покрај надлежностите кои ќе има ги има откако ќе ги преземе 10-те заменици на Катица, ќе биде придодадена и надлежност за гонење на избрани и именувани функционери,

- заштитна клаузула која вели дека во одреден период ако власта не го прифати предлогот на опозицијата, советот на јавни обвинители да избере од редот на 10-те кои би прешле од СЈО во ЈО.

Тоа значи ново СЈО, кое наместо Катица ќе го води друг обвинител, ЈО за организиран криминал кое ќе го води Рускоска и сето тоа управувано и раководено од Јовески.

Ние рековме, се согласуваме да постои ЈО за висока корупција, ок опозицијата да предложи обвиноител, се согласуваме за надлежност за избрани и именувани лица, но мора да ги почитуваме законите, а законот за СЈО е јасен. По престанок на мандатот на Катица престанува и мандатот на нејзините заменици и тие се враќаат во матичните обвинителства.

Во ниеден момент Јовески не е е спречен да ги распредели тековните предмети на истите обвинители кои ќе се вратат во матичните обвинителства. Не постои месна надлежност или ненадлежност кај обвинителите. Ако Јовески на законски начин ги преземе предметите, не му треба нов закон нити му пречи постојниот закон.

Сите истражители од СЈО да се вратат од каде што дошле...

Сите 9 кои имаат работен однос на неопределно време, да бидат вратени во државната администрација од каде дошле.

Сите кои се на определено време,  односно времето додека не згасне СЈО, остануваат без договр и работа, бидејќи потпишале договор дека прифаќаат да работат додека постои.

Ние рековме прифаќаме, но по закон, и тимот на новиот обвинител да го определи Советот на јавни обвинители, а не Мицкоски или Заев.

Да направиме систематизација, да го буџетираме, изјави Мицкоски.

- Заев ме прекина и рече дека не може новиот обвинител да се занимава со случаи пред да биде формирано.

- А Рекет?

- Рекет си останува кај Вилма.

- Па зошто формираме обвинителство за висока корупција?

Заев и Вилма Рускоска се плашат од Рекет 2, 3,4,5 и други кривични дела кои оваа власт трета година ги прави, за да ги заштити од одговорност за сторениот криминал.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата