Меркел: Постои шанса да дојде до излез на Велика Британија од ЕУ со договор

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меркел: Постои шанса да дојде до излез на Велика Британија од ЕУ со договор

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека и понатаму постои шанса да дојде до излез на Велика Британија од ЕУ со договор, иако Берлин се подготвува и за брегзит без договор.

„Германската влада ќе направи сè до последниот ден за да дојде до брегзит со договор. Останува фактот дека по повлекувањето на Британија имаме економски конкурент на нашите врати, дури и ако сакаме да одржиме блиска економска, надворешна и безбедносна соработка и пријателски односи“, изјави Меркел пред пратениците во Бундестагот.

Како што истакна, иако ЕУ ќе ослабне со излезот на Велика Британија, тоа е момент да се развива нова сила.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата