Девојките не одат во теретана затоа што се плашат оти околината ќе им се потсмева!

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Девојките не одат во теретана затоа што се плашат оти околината ќе им се потсмева!

Неодамнешното истражување покажало дека секоја четврта жена се плаши да замине во теретана, па затоа не оди во теретана дури и кога ќе плати членарина. Секое заминување во теретана за жените е застрашувачко затоа што постои можност да бидат предмет на потсмев. Скоро половина од жените кои учествувале во анкетата спроведена во Велика Британија, изјавиле дека во некој момент така се чувствувале во теретаната. Можноста дека другите ќе им се исмеваат, највеќе ги плаши девојките помеѓу 18 и 24 години, пренесува Metro.

Во анкетата која ја спроведе компанијата Sure Women учествувале 2.000 жени. Дури 37% од нив се плашат дека не се доволно фит за да одат во теретана, a 28 проценти се плашат дека не се привлечни додека вежбаат. Секоја трета испитаничка се плаши дека некој ќе ѝ се смее доколку не вежба правилно.

Поголемиот број од анкетираните се откажуваат од вежбањето и остануваат дома, избегнувајќи било каков вид на физичка активност што има општи последици за нивното здравје.

Најголемите причини поради кои жените не одат во теретана се: недостатокот на пари, вежбањето им изгледа застрашувачко, страв дека нема да се вклопат и загриженоста поради туѓото мислење.

Меѓу честите изговори се: „не знам да вежбам на справи“, „се плашам дека премногу ќе се испотам“, „не сум во добра форма за да вежбам пред други“ и „не изгледам убаво во спортска облека“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата