Русија го прошири списокот за забрана за влез на официјални претставници од САД

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија го прошири списокот за забрана за влез на официјални претставници од САД

Москва ќе го прошири списокот на американски службеници на кои им е забрането да влезат во Русија поради последните санкции на Вашингтон против двајца членови на рускиот Истражен комитет, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Ние сигурно ќе го прошириме црниот список на граѓани на САД на кои им е забранет влез. За тоа зборуваме отворено “, рече Рјабков, пренесува ТАСС.

Според него, кога САД ќе ја сменат својата политика за составување на списокот, Русија ќе го стори истото, а врз основа на принципот на реципроцитет.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата