Луна призна: Место мене не пееше Антониа Гиговска, пееше баба ми Јадранка од Трелеборг!

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луна призна: Место мене не пееше Антониа Гиговска, пееше баба ми Јадранка од Трелеборг!

Луна Џогани после победата во Задруга 2 реши да започне музичка кариера, но штом ја сними првата песна  со наслов „Девети круг“ веднаш тргна лавина од критки. Ја нападнаа дека не пеела таа, туку Антониа Гиговска, која всушност беше задолжена за придружните вокали, па дека е само отворачка на уста, дека е неталентирана и сл. 

Луна реши да ја открие тајната и да каже кој всушност пеел место неа на стартот од новата сезона на шоуто на Огнен Амиџиќ.

„Всушност пее мојата баба Јадранка од Трелеборг. Ако некому не му е јасно, ете кој пее“, саркастично искоментира Луна, чиј прв настап е закажан во Струмица.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата