Авионот со телото на Мугабе на пат за Зимбабве

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авионот со телото на Мугабе на пат за Зимбабве

Приватен авион со кој се наоѓа телото на поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, денеска полета од Сингапур кон неговата татковина, јавуваат медиумите.

Мугабе се лекуваше во болницата во Сингапур, каде што почина на 96-годишна возраст минатата недела. Мугабе е првиот претседател на Зимбабве откако ја освои независноста на својата земја од Велика Британија во 1980 година. Тој беше на власт речиси четири децении пред да биде соборен во 2017 година од страна на војската.

Специјално изнајмениот авион со телото на Мугабе се очекува да слета во Хараре во 15 часот, изјавија членовите на семејството за „Ројтерс“. Кога ќе пристигне во Зимбабве, телото ќе биде пренесено во неговото село Звимба западно од Хараре, каде ќе има бдеење. В четврток и в петок, телото на Мугабе ќе биде изложено на стадионот Руфаро во предградието на Хараре, каде што граѓаните ќе можат да му оддадат почит.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата