Деветнаесетгодишен мопедист со тешки повреди заврши во болница

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Деветнаесетгодишен мопедист со тешки повреди заврши во болница

Вчера на улицата „Маршал Тито“ во кочанското село Прибачево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.А.(34) од Кочани и мопед управуван од В.С.(19) од селото Прибачево, и двете со кочански регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата