Утрово околу 01.30 часот по полноќ, полициски службеници ја привеле С.В.(28) од Битола.
МВР јави дека при претрес извршен со судска наредбa на улицата „Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала приведената, бил пронајден хероин.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: Makfax