Заев не се откажува од внукот на Јанева, ќерката на Василевски, синот на Неделкова, братучедите на Бубевски…

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев не се откажува од внукот на Јанева, ќерката на Василевски, синот на Неделкова, братучедите на Бубевски…

Иако власта и опозицијата начелно се договориле дека СЈО е мртво, мислењата на преговарачките тимови предводени од Зоран Заев и Христијан Мицкоски се разлишле кога станало збор за вработените во СЈО. Статусот на обвинителите е познат, тие би се вратиле во матичните обвинителства, но власта инсистирала останатите вработени да се префрлат автоматски во новото обвинителство.

Внукот на Јанева, идната снаа, двајцата братучеди на Бубевски, синот и внуката на една од обвинителките, ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Василевски, синот на Лидија Неделкова и останатите пријатели, роднини и соседи на Јанева вработени во СЈО под договор на дело да бидат преземени во новото обвинителство, инсистира преговарачкиот тим на власта, предводен од Зоран Заев.

Она што не беше непотизам за Јанева, не е ни за Заев

Ефимија Чучурска е прва братучетка на Гаврил Бубевски, а во роднинска врска е и со Љупчо Чучурски, кој работи како помошен технички персонал во СЈО. Во СЈО е и Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.

Во СЈО е вработен Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.

Вработена е и Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска е обвинител во СЈО. Вработен во СЈО е и Владимир Миладиновски, кој е во роднинска врска со Елизабета Јосифовска.

Во СЈО е вработена и Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот „Шутка“ Есад Рахиќ. На платниот список на СЈО зема и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ, како и Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција.

Од поновите вработувања во СЈО, јавноста се сеќава на ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска.

Според опозицијата овој предлог е неприфатлив имајќи предвид дека станува збор за компромитирани кадри, вработувани по партиски клуч и по роднински и пријтелски врски со обвинители во СЈО и луѓе блиски до врвот на СДСМ.

Кого поддржуваме ние, дали луѓето кои биле соучесници во „Рекет“ за да го заштитат процесот или тие треба да се борат и да бидат бескомпромисни со криминалот, коментира извор од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата