Поранешeн бугарски пратеник обвинет за продавање тајни на Русија

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешeн бугарски пратеник обвинет за продавање тајни на Русија

Бугарското обвинителство го обвини водачот на невладина организација дека шпионирал за Русија, обидувајќи се да го одвлече вниманието на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва.

Обвинителите тврдат дека лидерот на Националното движење на русофили, педесетгодишниот Николај Малинов, работел за Рускиот институт за стратегиски студии, претежно воден од поранешни разузнавачи, како и за руската невладина организација „Двоглав орел“ од 2010 година.

„Николај Малинов е обвинет дека се ставил на располагање на странски организации и ги шпионирал“, изјави заменик-јавниот обвинител Иван Гешев пред новинарите.

Малинов беше ослободен со кауција, но не смее да ја напушти земјата, потврди главниот обвинител Сотир Кацаров, пренесува Index.hr.

Обвинителството пронајде документ на руски јазик кој говори за „неопходното геополитичко пренасочување на Бугарија“ на Малинов.

Тие додаваат дека документот ги опишува плановите на Малинов да отвори веб-страница, ТВ-канали, влијателен институт и политичка партија со помош на кои Бугарите ќе се поттикнат да формираат попозитивни ставови за Русија, врз основа на нивната заедничка словенечка традиција и православно христијанство.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата