Тројца државјани на Австралија во затвор во Иран, една жена осудена на 10 години

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тројца државјани на Австралија во затвор во Иран, една жена осудена на 10 години

Две жени со двојно британско-австралиско државјанство и еден Австралиец се приведени во Иран, а една жена е осудена на 10 години затвор. Австралиското министерство за надвореѓни работи соопшти дека пружа конзуларна помош на нивните семејства и навело дека не може да дава дополнителни коментари поради оврската за заштита на приватноста.

Министерството исто така ги повика Автралијците да ги следат неговите совети за патување, кои вклучуваат предупредување дека странците ризикуваат арбитрарно затворање во Иран.

Британско-австралиска блогерка и нејзиното момче Австралиец се приведени пред 10 недели, додека патувале низ Азија, пренесува „Тајмс“. Професорка со двојно британско-австралиско државјанство, која студирала на Кембриџ и држела предавања на австралиски универзитет е приведена одделно и осудена на 10 години затвор, пренесува весникот „Тајмс“. Според пишувањето, таа се наоѓа во замица, но не се знае за што е осудена. Жената се наоѓа во затвор веќе една година, а австралиската Влада и медиумите не ги објавуваат имињата на приведените.

Иранските власти рекле дека блогерката ја држат во рамкиу на планот за олеснување на размената на затвореници со Австралија.

Во затворите во Иран има голем број странци. Затворањата претставуваат средство на Иран за притисок врз западните земји, по едностраното американско повлекување од иранскиот нукеларен договор заклучен во Виена во 2015 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата