Заев призна за Рекет! Не преговара ако новото СЈО има истрага и за неговите

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев призна за Рекет! Не преговара ако новото СЈО има истрага и за неговите

Најголемиот финансиски скандал во врвот на власта, Рекет, и дефинитивно е поврзан со врвот на СДСМ и на владата, а потврда за тоа дојде од премиерот Заев за време на преговорите околу новиот закон за Јавно обвинителство во кое, според претходен јавно познат договор помеѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, треба да се формира посебен оддел кој ќе биде ново Специјално обвинителство со намена, пред и над се, да гони криминал во високите државни структири.

Тоа ново СЈО, доколку беше озаконето деновиве, ќе ја тераше истрагата за Рекет како своја промоција во јавноста. Но, Заев се откажа од претходниот договор за секор со Специјално обвинителство во одделот за Организиран криминал при обвинителството кое би можело да работи и на скандалот Рекет!

Заев бара трета амнестија за себе. Тој изрично бара само Вилма Рускоска, и никој друг, да биде кандидат и шеф на Организиран криминал во Јавното обвинителство, како што порано тоа го бараше за Катица Јанева со која имал повеќе релации на заеднички односи и интереси отколку што смее да има еден премиер со специјален јавен обвиниел. Видовме потоа дека зад изборот на Катица Јанева стоеле финасиски интереси на Заев и неговите соработници, и скривање криминал во СДСМ.

Но, и тоа не е се. Точка на признанието дека Заев и неговите соработници имаат удел во криминалот со Рекет е инсистирањето на Заев и министерката за правда ново СЈО да НЕМА ПРАВО ДА ВОДИ ИСТРАГА ЗА РЕКЕТ туку да може да води истраги за настани откако ќе се формира, а рекет да остане и понатаму во рацете на сегашната обвинителка. Ова е и де факто барање од Заев да му се даде трета амнестија, после онаа за Глобал и евро за Вицето.

Инсистирањето на Заев како за Катица, сега исклучиво Вилма Рускоска да ја води истрагата за Рекет за жал ги компромитира и Рускоска и самата истрага за рекет. Било какви резултати да даде истрагата за Рекет водена од Рускоска после овие инаетења од Заев доминантен дел од јавноста нема да и верува дека не сработела за СДСМ и Заев како што Катица работеше за нив четири години, а ако Заев не е изведен пред суд скандалот Рекет после овие инаетења во јавноста и пред гласачите ќе се смета за политичка местенка платена од буџетски пари на власта и од рекетот за заштита на интересите на Заев, СДСМ и обвинителите кои виделе такви истраги.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата