Мадона постави ригoрозни правила за обожавателите, во спротивно ќе бидат исфрлени од концертот  

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Мадона постави ригoрозни правила за обожавателите, во спротивно ќе бидат исфрлени од концертот  

Поп-кралицата Мадона (61) им упати нови барања на фановите за нејзината светска турнеја по повод нејзиниот 14-ти студиски албум насловен „Мадам Х“, а која почнува за една недела, според „Дејли стар“.

„За време на настапот нема да биде дозволена употреба на мобилни телефони, паметни часовници, камери и слични уреди. Седиштата во салата мора да бидат резервирани однапред за да се влезе навреме, а откако ќе бидат откажани билетите на мобилниот телефон, нивната употреба веќе нема да биде дозволена“, пишува во барањето на Мадона.

За разлика од другите турнеи, Мадона реши претставувањето на нејзиниот нов албум и интеракцијата со публиката да биде во театрите наместо во големи арени.

„Сакам да остварам интимен однос со моите фанови“, рече Мадона.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата