Емисијата Економски магазин на новинарот Горан Теменугов, која се емитува на Алсат телевизија пред десетина дена испратила покана до премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за дебата на која ќе се разговара за најжешките економски теми.

Таквата покана била веднаш прифатена од Христијан Мицкоски, додека Зоран Заев и неговиот кабинет не ја прифатил фрлената ракавица. Поради неговото неприсуство и откажување на учество во дебатата истата нема да се одржи.

Не се познати официјалните причини за бегањето од економската дебата од страна на Зоран Заев, иако во повеќе наврати самиот премиер истакнува дека бил отворен за дебата за секое прашање. Постои во јавноста и од страна на опозицијата сериозна критика за секономските текови по кои се движи државата и негативните параметри во повеќе области.

1

Најчитани вести