Што има во снимките за РЕКЕТ што го тера Заев да се бори за Вилма Рускоска на ЛИДЕРСКАТА?

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што има во снимките за РЕКЕТ што го тера Заев да се бори за Вилма Рускоска на ЛИДЕРСКАТА?

По пауза од половина час продолжи лидерската средба меѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ предводени од лидерите на партиите Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Паузата не успеа да ги спласне страстите на власта, која и по три часа ги води преговорите во круг. Преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќа на прашања за кои се сметало дека се затворени и очигледно е дека преговарачкиот тим на чело со Зоран Заев не сака договор.

Неофицијално, власта прави сè за да ја спаси Вилма Рускоска со нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО.

Освен тоа, преговарачкиот тим на СДСМ инсистира да се спасат сите вработени во СЈО, не само обвинителите, кои би преминале директно во новото обвинителство. овој предлог за опозицијата е неприфатлив имајќи предвид дека станува збор за компромитирани кадри, вработувани по партиски клуч и по роднински и пријтелски врски со обвинители во СЈО и луѓе блиски до врвот на СДСМ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата