Дијаспората го подбра Адеми за двојниот аршин со палењето слики на Иванов, Заев и Шекеринска ВИДЕО)

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дијаспората го подбра Адеми за двојниот аршин со палењето слики на Иванов, Заев и Шекеринска ВИДЕО)

Претставниците на македонската дијаспора од САД и од Малта реагираа преку Твитер на осудата од министерот без ресор Едмонд Адеми за палењето слики на Зоран Заев и на Радмила Шекеринска во Мелбурн, потсетувајќи го на истиот чин на „шарените“ со Ѓорге Иванов пред насмеаниот Заев.

„Министеров без ресор за дијаспора @ademie го осудува палењето на сликите на @Zoran_Zaev и @Sekerinska во Австралија, а не реагираше кога неговиот шеф се смееше од задоволство кога пред негови очи шарените палеа слики од Иванов. Доста ви беше! #Оставка“, од Вашингтон на Адеми му реплицира Ана Дукоска, глобална координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“.

„Двојните стандарди на @ademie. Исто така би можел вака јавно да се произнесе за неговите пулени од ФДМ кога јавно вреѓаа поранешни фунционери. Исто така, редно е еднаш јавно да обелодени која е таа дијаспора за кој тој постојано зборува дека го поддржува? Адеми е кловн министер!“, твитна Максимилијан Казаков, претседател на Македонска заедница во Малта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата