Преку кого Заев влијаеше врз Судскиот совет да го разреши Вангеловски?

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преку кого Заев влијаеше врз Судскиот совет да го разреши Вангеловски?

Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски постапувајќи по претставка на невладина организација.

Промената на Вангеловски, била желба на Заев, а тоа го потврди и поранешниот министер за правда, а сегашен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети.

Скандалозниот обид за промена на Вангеловски е отпочнат пред неколку месеци, а во тој процес премиерот Зоран Заев директно влијаел. Како што пред еден месец изјави Беџети на прес-конференција Заев вршел притисок тој да влијае врз членови на Судскиот совет за промена на Вангеловски.

Премиерот Зоран Заев вршеше притисок врз мене да влијаам на одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд. Ми се јави на 17 јули му се јавил и ми рече дека треба да помогнам да смени претседател на суд и таа работа треба да биде завршена до септември. Јас барањето на премиерот Заев го одбив и за две недели по тој повик се јави Антикорупциската комисија, која за мене е корумпирана комисија, и покрена постапка за мене. Сигурен сум дека ваквите дејствија на комисијата се последица на притисокот што го одбив да им кажувам на одредени членови како да гласаат, рече Беџети.

Зоран Заев ваквиот скандал безмалку го потврди, со што го подгреа сомнежот за влијанието на актуелната власт врз судската.

Со Беџети зборував по повод шпекулациите во јавноста дека некој го штити Јово Вангеловски во Судскиот совет, рече Заев како одговор на прес-конференцијата на Блерим Беџети.

Ваквите скандалозни признанија во секоја демократска земја каде што има јасна поделба на судската од извршната власт веднаш би резултирале со отворање на постапка во која би се утврдиле мотивите за телефонските повици на премиерот Заев.

Доколку Заев се сомневал дека Беџети го штити Вангеловски и се меша во судската власт, тогаш би требало да го пријави и да ги изнесе доказите за тоа, како што впрочем постојано изјавува. Во спротивно, Заев треба да одговара за незаконско влијание. По денешното гласање на Судскиот совет, Јавното обвинителство е на потег да ја докаже независноста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата