Фон дер Лајен: Еден од моите главни приоритети е Западен Балкан

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон дер Лајен: Еден од моите главни приоритети е Западен Балкан

Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети во нејзиниот петгодишен мандат.

„Сакам Западен Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ“, порача Фон дер Лајен.

Таа во текот на претставувањето на нејзиниот тим од еврокомесари и нивните задолженија, нагласи дека ресорот „соседска политика и проширување“ му го доделила на унгарскиот комесар Ласло Трошањиј, имајќи го предвид фактот дека Унгарија, исто како и она, имаат јасна заедничка цел кога станува збор за Западен Балкан.

„Западен Балкан е важен за нас. Сакам да биде колку е можно поблиску до ЕУ, да имаме многу добри односи, интензивна работа и соработка. Тоа ќе биде еден од моите главни фокуси за време на претседавањето, порача идната претседателка на ЕК.

Урсула фон дер Лајен повтори дека чекорите за влез во ЕУ се „јасни“, а за напредок на тој пат првично се одговорни земјите од Западен Балкан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата