Масовна тепачка во автобус на ЈСП

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масовна тепачка во автобус на ЈСП

На 09.09.2019 во 11:50 часот во СВР Скопје, возач во ЈСП Скопје пријавил дека околу 11:30 часот на бул.„Александар Македонски“, во автобус на ЈСП бр.65, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир.

Се случила физичка пресметка помеѓу С.М.(19) и 17-годишна малолетничка, од една страна и Д.Х.(20) и 16-годишен малолетник, од друга страна, сите четворица од Скопје.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата