САД отворија истрага за „Гугл“

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД отворија истрага за „Гугл“

Државните обвинители од 48 американски држави, округот Колумбија и Порто Рико официјално отворија истрага за монопол против Гугл, во знак на зголемена владина контрола на технолошките гиганти.

Аналитичарот за технологија Рајан Пател изјави за „Еуроњуз“ дека ваквиот чекор е прв од овој вид против технолошкиот сектор. Тој додаде дека истрагата е навистина значајна, со оглед на тоа што е еден од ретките примери каде што Републиканците и Демократите соработуваат по некое прашање.

Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, кој ја води истрагата, изјави дека истата ќе се фокусира на контролата на ‘Гугл’ врз пазарот за онлајн рекламирање и пребарувањето што може да доведе до анти-конкурентно однесување што им штети на потрошувачите.

Калифорнија и Алабама одбија да бидат дел од истрагата.

Истрагата е прелиминарна, а истата се очекува да ќе се прошири за да опфати и други теми, вклучително и приватноста на податоците.

Посебна група од осум државни обвинители, предводена од Њујорк, во петокот објави дека го истражува „Фејзбук“, но одби да каже дали истрагата ќе биде проширена за да ги опфати и другите технолошки компании.

Технолошките гиганти во последно време со соочуваат со обвиненија дека ја злоупотребуваат својата положба, вклучувајќи и за нарушување на приватноста. „Гугл“ беше обвинет дека нивниот веб пребарувач ги насочува потрошувачите кон нивните производи на штета на конкурентите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата