Расмусен: Грузија во НАТО без Јужна Осетија и Абхазија

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расмусен: Грузија во НАТО без Јужна Осетија и Абхазија

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, смета дека грузиските власти би требало да ја разгледаат идејата за пристапување во НАТО без Абхазија и Јужна Осетија, пренесува „Спутник“.

„Ако Грузија треба да стане идна членка на НАТО, морате да продолжите со реформите за демократија и со борбата против корупцијата, да обезбедите слобода на говорот и да ги заштитите малцинствата. Сметам дека би требало да почнете дискусија за тоа дали за вас ќе биде прифатливо да станете членка на НАТО без Абхазија и Јужна Осетија“, рече Расмусен на меѓународната конференција во Тбилиси.

Претставникот на опозициската партија „Европска Грузија“, Отар Кахидзе, го сматра предлогот на Расмусен за интересен и смета дека властите би требало да го разгледаат тоа прашање.

Истовремено, лидерот на парламентарното мнознство, Гија Вољски, рече дека тоа е комплицирана тема и дека ниедна политичка сила нема да се откаже од тие територии.

„Приемот на Грузија во која било меѓународна организација би требало да се одвива во границите што ги признава меѓународната заедница, вклучувајќи гои НАТО,“ истакна Вољски.

Решавањето на територијалните судири е еден од критериумите за влез во НАТО. Меѓутоа, по вооружената агресија на Тбилиси на Цхинвали во август 2008 година, Абхазија и Јужна Осетија добија независност што ја признаа Русија и низа други земји

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата