(Видео) Руски морнари спасиле странец на море кој се држел за парче стиропор

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Руски морнари спасиле странец на море кој се држел за парче стиропор

Морнари во рускиот  регион Приморски на Далечниот Исток спасиле странски државјанин кој лебдел на површината на водата држејќи се за големо парче стиропор и го предале на руските граничари, пренесува „Сајбириан тајмс“.

Севернокорејскиот морнар бил премногу слаб за да објасни како завршил во Јапонското Море, со милји далеку од брегот. Тој бил забележан од екипажот на рускиот брод „Курилскоје Озеро“ неколку часа откако го напуштиле селото Тимофеевка во заливот Владимир.

Во понеделникот, медиумите објавија видео од спасувањето, кое се случило во близина на заливот Олга во југоисточниот дел на регионот. На видеото е прикажано маневрирањето на бродот близу исцрпениот човек.

„Вчера, офицерите на единицата за гранична патрола од Одделот за федерални безбедносни служби во регионот Приморски презедоа странски државјанин кого морнарите претходно го спасиле од морето крај брегот на регионот. Откако ќе се решат сите формалности, тој ќе биде вратен во својата татковина “, изјави извор во одделот.

На севернокорејскиот морнар му била дадена сува облека и храна. Тој успеал со гестови да им објасни дека во морето бил најмалку 10 часа. Немало видливи повреди на неговото тело.

Една од верзиите од локалните медиуми е дека морнарот бил на еден од рибарските бродови од Северна Кореја за кои неодамна биле видени како риболоват околу заливот Владимир.

На 7 септември руските граничари известија дека околу 500 странски риболовни бродови спуштиле сидра во заливите на регионот чекајќи да помине бурата, во согласност со меѓународните поморски закони.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата