По брегзит, можно е враќање на „дјути фри шоповите“

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По брегзит, можно е враќање на „дјути фри шоповите“

Ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор, фри-шоповите ќе бидат повторно воведени на аеродромите за патниците кои одат во ЕУ, соопштија официјалните лица.

„Оние што патуваат во ЕУ ќе можат да купат пиво, алкохол, вино и цигари без да се плати царина во Велика Британија“, соопшти Министерството за финансии.

Така, шише вино купено на лондонскиот аеродром Хитроу може да биде поевтино до 2,23 фунти.

Купување без царина веќе им е дозволено на оние кои патуваат во земји кои не се членки на ЕУ, но не важи за патниците во ЕУ од воведувањето на единствениот пазар.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата