На Чола пиеле и пееле 65 000 луѓе и испиле повеќе од 25 илјади литри вино!

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Чола пиеле и пееле 65 000 луѓе и испиле повеќе од 25 илјади литри вино!
Над 65 илјади посетители го посетија Кавадарци само во последната вечер од „Тиквешки гроздобер“. На годинашнава тридневна манифестација беа испиени 25 илјади литри вино, соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

– Се обидуваме со сите сили да работиме напорно и да постигнуваме резултати во сите сфери на општеството. На мое огромно задоволство, од година во година манифестацијата е се подобра и попосетена. Безбедноста на сите беше на високо ниво, немаше ниту еден инцидент. Се славеше, се наздравуваше со чаша вино. Кавадарци се движи кон европските стандарди за организирање на манифестации, нагласи градоначалникот Јанчев, изразувајќи благодарност до сите поддржувачи на настанот.

Последниот ден од гроздоберот за забавата беше задолжен Здравко Чолиќ, а Кавадарци забележа рекордна посетеност. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата