Црна Гора: Над 8.000 деца не примиле ММР вакцина

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црна Гора: Над 8.000 деца не примиле ММР вакцина

Над 8.000 деца на возраст помеѓу три и пет години во Црна Гора не примиле вакцина против ММР (морбили, рубеола и заушки), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Родителите на секое трето дете, на возраст од три години, се уште одбиваат да ги вакцинираат против сипаници, заушки и рубеола, бидејќи не му веруваат на тој имунолошки лек, иако здравствените работници предупредуваат дека тоа може да предизвика развој на опасни мали сипаници, пренесува „РТЦГ“.

Директорот на Здравствениот дом во Подгорица, Небојша Кавариќ изјави дека секое трето дете родено во 2016 година не било вакцинирано, додека кај децата постари од една и две години, покриеноста е 85 и 90,3 проценти.

„За да бидат заштитени сите деца, треба да се вакцинираат над 95 отсто од детската популација. ММР се дава по првата година од животот и пред запишувањето во основно училиште. Вакцинацијата е најдобрата и најефикасната форма на здравствената заштита“, посочи Кавариќ.

Како што истакна, педијатрите и другите здравствени работници, вакцинирајќи ги своите деца даваат позитивен пример до родителите дека треба да се придржуваат до вакцинацијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата