Трета авионска бомба пронајдена на градилиште во Сараево

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трета авионска бомба пронајдена на градилиште во Сараево

Екипите на Федералната управа за цивилна заштита на Босна и Херцеговина откриле трета авионска бомба на градилиште, односно во текот на изградба на нов трговски центар во Сараево.

Бомбата била пронајдена во утринските часови, а како и во претходните два случаи, таа најпрво била забележана од градежните работници на терен, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Според Фахрудин Солак, директор на Федералната управа за цивилна заштита, се претпоставува дека станува збор за ист вид на бомба со оние што претходно беа пронајдени, која тежи околу 500 килограми.

Бомбата се очекува да биде деактивирана на местото каде што е пронајдена, а за уништување ќе биде дополнително транспортирана на безбедно место.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата