ВМРО-ДПМНЕ: Разузнавачките служби биле вмешани во рекетот

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: Разузнавачките служби биле вмешани во рекетот

Аферата „Рекет“ зема нови димензии кои имплицираат вмешаност на разузнавачките служби во рекетот и нивна злоупотреба за прибавување на милионски суми финансиска корист, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на дел од медиумите кои изминатите денови пренесуваат дека македонски бизнисмен бил уценуван со компромитичарчки снимки кои потекнуваат од разузнавачките служби.

„Од бизнисменот преку Меѓународниот сојуз на Боки 13 биле изнудени стотици илјади евра, а компромитирачките материјали се наоѓале во телефонот на рекетарот. Ова е уште еден доказ  кој потврдува дека аферата „Рекет“ е најголемата криминална афера во историјата на Република Македонија“, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Никој во Македонија, додава опозициската партија,  не верува дека Зоран Заев не знаел за рекетот, дека истиот не се одвивал со негово аминување и дека тој не инволвиран во рекетирање на македонски бизнисмени, политичари, граѓани.

„Човекот кој е три пати амнестиран е главана на криминалниот октопод кој изнуди повеќе од 20 милиони евра. Катица Јанева, Боки 13, Кики Фрики и останатите се само пипците“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Според партијата, „Русковска и Јовевски сакаат со апсње на неколкмина, да ја оневозможат истрагата која никако не смее да стигне до главата на октоподот“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата