Пандев и Барди за победа на МАКЕДОНИЈА

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пандев и Барди за победа на МАКЕДОНИЈА

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва славеше со 0:2 над Летонија, со што повторно е во игра за Европското првенство.

Натпреварот на „Даугава Стадиум“ во Рига се одигра пред 500 гледачи и не донесе преголеми напори за нашиот национален тим. Горан Пандев го постигна голот за водство на Македонија од 1-0, а само три минути подоцна една одбиена топка дојде до Енис Барди кој со силен шут од далечина го зголеми водството за Македонија од 2-0.

По бодот во Израел и вечерашниот триумфимаме осум бодови и сме речиси изедначени со Австрија и Словенија и до последното коло нема да се знае кои две селекции ќе одат на ЕП.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата