Голман пронајден мртов во хотелска соба на ден пред мечот

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голман пронајден мртов во хотелска соба на ден пред мечот

Триесет и едногодишниот Жарзињо Пиетер, втор голман на фудбалската репрезентација на Куракао, е пронајден мртов во неговата хотелска соба на Хаити, каде двата национални тима требало да одиграат натпревар од второто коло од КОНКАКАФ Лигата на нации.

Пиетер не се чувствувал добро и веднаш по пристигнувањето на Хаити бил на лекар, а потоа се вратил во хотелот на спиење, каде утринава е пронајден мртов во креветот. Причините за смртта засега не се познати.

Првиот меч го доби Куракао со 1:0, додека вториот натпревар е закажан за утре.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата