Шведската полиција обелодени неколку фотографии на кои се гледа како Жељко Ражнатовиќ – Аркан ограбува една од тамошните банки.
Снимките датираат од 1979 година, кога, според информациите од Интерпол, Аркан со уште двајца соработници извршува грабежи во банки во Стокхолм и Гетеборг, по што веднаш бегаат во Холандија.
Покрај Аркан, во групата биле и извесен Карло Фабиани и Слободан Костовски од Нови Пазар.