Меланија Трамп: ЗАГРИЖЕНА СУМ од растечка епидемија на употреба на Е-ЦИГАРИ КАЈ НАШИТЕ ДЕЦА

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меланија Трамп: ЗАГРИЖЕНА СУМ од растечка епидемија на употреба на Е-ЦИГАРИ КАЈ НАШИТЕ ДЕЦА

Првата дама Меланија Трамп во понеделникот ја искажа својата загриженост за растечките опасности поврзани со е-цигари и употребата од страна на деца.

"Јас сум длабоко загрижена за растечката епидемија на употреба на е-цигари кај нашите деца. Треба да сториме се што можеме за да ја заштитиме јавноста од болести поврзани со тутунот и смртта и да спречиме е-цигарите да станат рампи на никотинска зависност за генерација на млади“, твитна првата дама.

Управата за храна и лекови на САД во понеделникот испрати предупредувачко писмо до JUUL, водечкиот производител на е-цигари, конкретно осврнувајќи се на маркетинг тактиките на компанијата, за кои се изјасни дека е-цигарите се побезбедна алтернатива за редовните цигари.

Покрај тоа, постои загриженост дека пораката на JUUL е насочена директно кон малолетни потрошувачи.

„Без оглед на тоа каде производите како е-цигари паѓаат на континуумот на ризикот од тутунски производи, законот е јасен дека, пред да се пуштаат производи од тутун со намален ризик, компаниите мора да демонстрираат со научен доказ дека нивниот специфичен производ всушност носи помалку ризик или е помалку штетен“, рече в.д. комесарот на ФДА, д-р Нед Шарплес, во изјава за предупредувањето до JUUL, на кое му се дадени 15 дена да одговори на писмото на ФДА.

„JUUL го игнорираше законот и многу загрижувачки, даде некои од овие изјави во училишта пред младината на нашата нација“, напиша Шарплес.

Иницијативата на првата дама „Биди најдобар/најдобра“ е насочена кон помагање на децата, а еден од нејзините три столба е насочен кон здравјето и благосостојбата на децата.

Има драматичен пораст на бројот на деца и тинејџери кои користат е-цигари, бидејќи производите стануваат се повеќе достапни, а рекламирањето и маркетинг кампањите на Јул се зголемија. Центрите за контрола и превенција на болести во САД работат во тандем со ФДА за да ги следат опасностите поврзани со употреба на е-цигари, што во последните неколку недели беше поврзано со сериозни здравствени проблеми.

Во петокот американските здравствени власти објавија дека сега се свесни за најмалку 450 можни случаи на тешка болест на белите дробови кои можат да бидат предизвикани од испарување низ 33 држави. Покрај тоа, имало најмалку пет смртни случаи во пет држави - по една во Илиноис, Орегон, Минесота, Индијана и Калифорнија - поврзани со овие болести.

„Ја известивме и индустријата: Ако продолжи вознемирувачкиот пораст на младинската употреба на е-цигара, особено преку употреба на вкусови што им се допаѓаат на децата, ќе преземеме уште поагресивно дејствување“, напиша Шарплес во своето писмо во понеделникот до Јул, чии производи користат многу слатки ароми, привлечни за младите луѓе, вклучувајќи лубеница, грозје и јагода, како и лимонада.

Првата дама претходно се обрати околу употребата на е-цигари за време на младинскиот форум за лидерство во февруари, кој се фокусираше на злоупотреба на опијати кај младите.

Трамп беше запрашана за порастот на употреба на е-цигарите кај децата.

„Тоа е како цела кутија цигари“, рече таа, истакнувајќи дека таа и другите родители се загрижени дека децата не ја разбираат целосната опасност од е-цигари. „(Тоа е) уште едно прашање со кое треба да се справиме“, пренесува CNN.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата