ХАОС во Суботица по силниот дожд и град (ФОТО+ВИДЕО)

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХАОС во Суботица по силниот дожд и град (ФОТО+ВИДЕО)

Пороен дожд, проследен со град, ја зафати Суботица попладнето по 14 часот. Огромна количина дожд падна за кратко време, па многу улици беа поплавени, пренесува РТС.

Најкритично е под железничкиот подвозник, кој е потопен заради огромниот прилив на вода, а сообраќајот е стопиран.
Пожарникарите и комуналните служби се ангажирани да извлечат возило со шведски регистарски таблички што е заглавено во водата под подвозникот. Според првичните информации, ветрот откорнал неколку дрвја во Палиќ. Издадено е предупредување за опасност од невреме во северниот дел на Србија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата