Гејминг смартфонот Asus ROG Phone II беше претставен на почетокот од оваа година, но наскоро ќе ја има својата меѓународна премиера.

Како дел од саемот IFA во Берлин, компанијата објави детали за својата меѓународна понуда и објави ажурирана верзија на Asus ROG Phone II Ultimate Edition, која нуди 1TB вградена UFS 3.0 меморија и доаѓа со нов матиран финиш.

Подобрени се и перформансите на LTE, со брзина на преземање до 2Gbps.

Остатокот од уредот е идентичен со ROG Phone II, што значи чипсет Snapdragon 855+, 6,59-инчен AMOLED 1080p дисплеј со брзина на освежување од 120Hz, 12 GB RAM, 6000 mAh батерија и двојна главна камера со 48MP главен сензор.

Стандардната верзија на телефонот (Elite Version) ќе биде достапна од крајот на септември преку е-продавницата на Asus по цена од 899 евра, додека Ultimate Edition ќе се појави во октомври за 1.119 евра.

извор: USB.mk

12

Најчитани вести