Рамос: Сакам да одиграм 200 натпревари за репрезентацијата на Шпанија

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рамос: Сакам да одиграм 200 натпревари за репрезентацијата на Шпанија

Дефанзивецот на Шпанија, Серхио Рамос, по победата над Фарски Острови (4-0) во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020, соопшти дека има намера да стигне до 200 одиграни натпревари за националниот тим.

Мојата цел е да достигнам 200 натпревари. Никогаш не изгледате толку далеку, затоа што во фудбалот се случуваат многу работи. Најпрво сонував да дојдам во репрезентацијата, потоа се редеа настапите. Имам многу години во фудбалот. Ги одржувам своите амбиции, се грижам за себе и можам се уште многу да направам, изјави Рамос.

Тој вчеравечер по 167. пат играше за „црвената фурија“ и се изедначи по бројот на репрезентативни натпревари со Икер Касиљас.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата