Не можеше да ги скрие солзите: Видеото кое го „скрши“ Надал

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не можеше да ги скрие солзите: Видеото кое го „скрши“ Надал

Крајно неизвесно финале на УС Опен вчера одиграа Рафаел Надал и Данил Медведев, а на крајот шпанскиот тенисер стигна до 19. гренслем-титула во кариерата. Мечот понуди пет сетови и голема борба меѓу тенисерите, откако Надал водеше со 2-0, но Меведев се врати во игра.

Надал стигна до својата 19. гренслем-титула во кариерата и сега има еден помалку од „вечниот“ ривал Роџер Федерер.

При доделување на трофеите на големиот екран се појави видео посветено на неговите претходно освоени гренслем-трофеи, а Шпанецот гледајќи ја скоро целата своја кариера и најголемите успеси во неа, не можеше да ги скрие емоциите и се расплака.

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата