Интер ќе му понуди нов договор на Лаутаро Мартинез

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер ќе му понуди нов договор на Лаутаро Мартинез

Интер сака да му го продолжи договорот на напаѓачот Лаутаро Мартинез, а клубот веќе одржал прелиминарни преговори со агентот на 22-годишниот Аргентинец, пренесува „Газета дело спорт“.

Миланскиот клуб ќе му понуди на Мартинез договор на пет години. Неговата плата ќе биде 2,7 милиони евра по сезона.

Минатата сезона Мартинез одигра 35 натпревари, на кои постигна девет голови и запиша две асистенции.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата