МВР со преставки до ЗНМ, СEMM и АВМУ поради информирањето за инцидентот во Волино

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МВР со преставки до ЗНМ, СEMM и АВМУ поради информирањето за инцидентот во Волино

Министерството за внатрешни работи испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во с. Волино.

„Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување, со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми, иако уште од почетокот со усна информација а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1611 Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој настан“ соопшти МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата