Разгорен вечниот оган во Париз во чест на Северна Македонија

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Разгорен вечниот оган во Париз во чест на Северна Македонија

Во чест на Денот на независноста „8 Септември“, вчера во Париз беше организирана традиционалната церемонија на „Разгорување на вечниот оган“ на споменикот на непознатиот војник–под Триумфалната капија.

По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, Амбасадорката Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред Споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.

Со овој чин на оддавање почит пред амблематичниот споменик на Франција, Амбасадата на Република Северна Македонија го одбележа Денот на независноста во духот на пријателските односи меѓу двете земји.

Вечниот оган за прв пат е запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден точно во 18:30 часот.

Настанот беше овозможен од страна на Унијата на асоцијациите „Огнот под Триумфалната капија – Оган на нацијата” и се организира за прв пат од осамостојувањето на нашата држава.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата