По првата брачна ноќ , 22 годишната Милијана раскажува како си поминала со 74- годишниот младоженец Милојко , со кого викендов се венча во српската општина Пожега.

На свадбата , која побуди огромно медиумско внимание во Србија и регионот , не дојдоа децата на Милојко од претходниот брак , ниту родителите на невестата. Мајката Слаѓана рекла дека е болна , а таткото имал важен натпревар.

„Целата венчавка беше многу весела, луѓето танцуваа, со нетрпение ја очекувавме. До 2 часот останавме во ресторанот и се вративме дома околу 3 часот наутро. Плачев од среќа , не плачев вистински , туку испуштив неколку солзи, зашто моите родители не беа таму, само мајка ми ми испрати порака. Не сакам да објавам јавно што ми напиша“, рече Милиана за „Блиц “.

Невестата раскажа и како изгледала првата брачна ноќ со 53 години постариот младоженец.

„Беше луда прва браќна ноќ. Тоа е сè што ќе ви кажам“, рече таа, иако открива дека младоженецот имал проблеми со грбот.

„Милојко ми се пожали на болка во грбот, но тој го поднесе тоа одлично“, додаде невестата.

Коментарите од јавноста ги игнорира и признава дека сè уште не ги броеле парите од ковертите.

"Имаме многу подароци низ куќата. Не успеав да отворам сè. Видов видео од кумот како го кити со пари Милојко додека тој пее. На крајот се покажа дека тој заработил повеќе од свирачите", заклучи Милијана , од вчера Божовиќ.

2

Најчитани вести