Google Pixel 4 пристигнува со 8x зум, 6GB RAM и Motion Mode

8.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Google Pixel 4 пристигнува со 8x зум, 6GB RAM и Motion Mode

Google Pixel 4 се очекува следниот месец и се верува дека телефонот ќе има две камери на задната страна со 12MP главен и 16MP телефото сензор. Доколку најновите извештаи се точни, ќе видиме и нова функција за камерата, под името Motion Mode.

Motion Mode на корисниците ќе им овозможи да креираат спортски и акциски снимки „со подвижни субјекти кои се во позадина, како и со замаглена позадина”. Покрај ова, Pixel 4 ќе има и подобрен Night Sight, со унапредувања во доменот на брзината.

Фотографиите кои го прикажуваат Pixel 4 во живо, откриваат дека телефонот ќе има 8x зум, кој би можел да биде комбинација од оптичко зумирање и Super Res Zoom функцијата на Google.

Уште една фотографија потврдува дека Pixel 4 ќе има 6GB RAM. Актуелните Pixel модели пристигнуваат со максимално 4GB RAM и корисниците секако со задоволство ќе го прифатат преминот на 6GB RAM меморија.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата