ГИ СПАСИ ЧУДО: Избегната трагедија за една секунда, фудбалерите на БиХ преживеале драма

7.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГИ СПАСИ ЧУДО: Избегната трагедија за една секунда, фудбалерите на БиХ преживеале драма

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина се упати кон Ереван каде ќе го одигра мечот против Ерменија во рамки од квалификациите за Европското првенство 2020.

Летот од Сараево до главниот град на следниот противник на Босанците бил вистински кошмар. Во еден дел од патувањето, авионот влегол во турбулентен предел и морал да го промени правецот, за да се избегне голема трагедија.

„Една секунда, односно еден степен недостасуваше за авионот да се сруши. Имам повеќе од 600 часа летови и тоа можам одговорно да го тврдам. Овој лет можеше да биде кобен за сите нас“, вели пилотот.

Ерменија и БиХ ќе ја отворат неделната програма квалификациски дуели во 15:00 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата