Во Струмица во моментов беснее големо невреме проследено со дожд, ветер и силни грмежи.
Според УХМР дожд денеска се очекува во повеќето македонски градови, но и во Скопје во попладневните часови.
Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Нестабилноста ќе се задржи и во вечерните часови, информираат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени, а УВ индексот 6.
Времето во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.