LG го претстави смартфонот G8X ThinQ, кој претставува директна замена за G8. Покрај телефонот, тука е и новиот DualScreen футрола/дополнителен дисплеј.

LG G8X ThinQ има 6.4-инчен екран, со 2340 x 1080p резолуција. Телефонот користи OLED панел, а под екранот е сместен сензор за отпечатоци од прсти. Селфи камерата е 32MP Quad Bayer, сместена во мал засек во врвот на екранот.

На задната страна од стакло се наоѓа систем со две камери – стандардна 12MP (1/2.55″ сензор, 1.4µm големина на пиксели, f/1.8 отвор на бленда, dual pixel PDAF, OIS) и 13MP ултра-широкоаголна (1/2.8″, 1.0µm, f/2.4,фиксиран фокус).

Телефонот го покренува Snapdragon 855 чипсет и има една опција со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Постои microSD слот за проширување. Уредот го напојува батерија со капацитет од 4000mAh.

G8X има Gorilla Glass 6 заштита од предната страна, IP68 заштита и MIL-STD 810G стандард. LG UX 9.0 пристигнува со појасни и поедноставни облици, како и вграден темен мод, а заснован е на Android 9 Pie.

Кога е во прашање DualScreen, се работи за футрола/друг дисплеј, кој е понапреден од она што беше претставено со V50 моделот. Практично, во прашање е флип футрола во која е сместен само еден 6.4-инчен дисплеј, како и втор 2:1 монохромен OLED екран од другата страна.

 

извор: USB.mk

0

Најчитани вести