Xiaomi подготвува четири смартфони со 108 мегапикселна камера

5.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Xiaomi подготвува четири смартфони со 108 мегапикселна камера

Xiaomi подготвува дури четири различни смартфони со сензорот ISOCELL Bright HMX на Samsung од 108 мегапиксели.

Samsung го разви својот нов сензор со рекорден број на мегапиксели во соработка со кинеската компанија и сега соработката ќе биде дополнително зацврстена со претставувањето на смартфоните кои ќе го користат тој сензор.

Xiaomi наводно работи дури на четири смартфони во кои ќе се најде камера со новиот сензор од 108 мегапиксели, пренесува порталот XDA Developers.

Докази за постоењето на новите мобилни уреди има во MIUI Gallery App на Xiaomi која неодамна доби поддршка за прикажување на фотографии од 108 мегапиксели во целосна резолуција.

Самата апликација ги наведува уредите под имињата Tucana, Draco, Umi и Cmi. Најверојатно станува збор за уреди што на пазарот ќе се појават под брендот Xiaomi и/или Redmi.

Сепак се чини дека ниту еден од овие четири уреди нема да биде Mi Mix 4, за кој веќе подолго време се смета дека ќе биде првиот смартфон со камера што ќе користи сензор од 108 мегапиксели.

Извор: PC Press.rs

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата