Бистата на Адолф Хитлер чуванa во францускиот Сенат

5.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бистата на Адолф Хитлер чуванa во францускиот Сенат

Француските сенатори биле зачудени кога откриле дека бистата на Адолф Хитлер и нацистичкото знаме се чувани во Сенатот и дека масите со знакот на орел на Третиот Рајх се отстранети дури неодамна.

Тајната ја чувале неколку инсајдери, соопшти француски „Монд“.

На повик на весникот властите наредиле попис на документи и предмети што ги оставил нацистичкиот окупатор во Сенатот.

Откривањето на бистата на Адолф Хитлер, висока 35 сантиметри, и на нацистичкото знаме во подрумот ги шокирало француските политичари.

Јавноста била уште повеќе вознемирена од откритието дека до неодамна дел од персоналот на Сенатот работел на клупи на кои се наоѓал омилениот симбол на нацистите, соопшти британски „Телеграф“.

За време на војната палатата „Луксембург“, во која се наоѓа горниот дом на францускиот парламент, била команда на германските воздушни сили.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата